Се сеќавате ли на ова место на плоштад? (ФОТО)

Дуќанот за бојосување на кожна галантерија, "Кенан", по речиси половина век работа на плоштадот "Македонија", во 2004 година беше преселен на нова локација.

Дуќанот почна да работи на плоштадот уште 1962 година со одобрение од тогашната Општина Идадија. Како наследник на Кенан Ѓулѓеман, стана Асан Ѓулѓеман, најмладиот од петте деца на Кенан кој го исполни аманетот на таткото.

Овој дуќан бебе предпознатлив белег на Градот,собирно место кога одевме на корзо, сите постри скопјани сигурно се сеќаваат на овој дуќан, раскажува дедо Стојан.

Тој се присетува како во овој дуќан има офарбано кожна јакна која се уште ја чува.