Се сеќавате ли кој објект се наоѓал на местото на денешната палата АСНОМ? (ГАЛЕРИЈА)

Некогашната Отоманска банка во Скопје, била изградена во 1903 година.Се наоѓала на левиот брег на Вардар, срушена е во 1954/55 и заменета со поголема зграда на Комерцијална банка – денешна палата АСНОМ.

На оваа место некогаш се наоѓаше и автобуската станица. Денес зградата на Комерцијална банка стана владина палата АСНОМ. Приземјето на поранешниот објект на Комерцијална банка ќе се пренамени во ресторан.

Владината Служба за општи и заеднички работи веќе склучила договор за изработка и монтажа на иноксни елементи во идниот ресторан со Фирмата „Фриготехника 2000“ од село Боговиње.

Покрај оваа интервенција, палатата АСНОМ во иднина ќе добие и ЛЕД екран за надворешна употреба.