Се санираат спортската сала и помошните простории во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ново село, општина Ѓорче Петров деновиве врши поправка на спортската сала „Христо Батанџиев“ и помошните простории.

Општина Ѓорче Петров соопшти дека интензивно се изведува лакирање на паркетот во спортската сала, се поставуваат нови седишта на трибините, а се бојадисуваат и ѕидовите во спортската сала и помошните простории. Влезните врати од спортската сала ќе бидат заменети со нови.

Инвестицијата, како што се наведува, е обезбедена од општинскиот буџет и ќе чини над 700.000 денари.

Во училиштето се бојадисуваат ходниците и училните простории, а се санираат и санитарните чворови за успешен почеток на новата учебна година.

Поправките во спортската сала ќе завршат пред почетокот на новата учебна година.