Се санираат оштетувањата на асфалтот на градските улици

Во текот на изминативе неколку дена екипите на Град Скопје санираа ударни дупки на градските улици и булевари, а со фугобит се залеваа и пукнатините во асфалтот.

Во акцијата се санирани ударните дупки на булеварите Србија, Киро Глигоров, Кочо Рацин, Свети Климент Охридски, Борис Трајковски, Гоце Делчев и Мајка Тереза, како и оштетувањата на улиците Благоја Стефковски, Павел Шатев, Перо Наков, Тодор Александров, Јордан Мијалков, Лазар Личеновски и Христо Татарчев.

Беше извршено и залевање на пукнатините во асфалтот на булеварите Кузман Јосифовски Питу, Јане Сандански и АСНОМ, како и на улицата Февруарски поход.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Активностите за санирање на оштетувањата на градските улици ќе продолжат и во наредниот период.