Се реновира осветлувањето во основните училишта

Општина Центар започна со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територија на општината.

Првата интервенција е веќе извршена во основното училиште "Јохан Хајнрих Песталоци". Постоечките улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во внатрешноста на дворното место, заменет е скинатиот кабел и четирите светилки во задниот дел од дворот на училиштето, кои не беа во функција, сега се поравени. На влезот на училиштето поставени се двојно појаки светилки.

Дополнително е осветлен и надворешниот паркинг, со многу посилно осветлување од постојното. Службите во општината извршија проверка и замена на игралиштето во основното училиште.

И во основното училиште "Коле Неделковски" заменети се 10 појаки светла.

Се врши интервенција и во основното училиште "Св. Кирил и Методиј". Општина Центар ќе продолжи со санација на комплетното осветлување во сите основни училишта, со цел поголема видливост, а со тоа и безбедност на учениците.