Се реконструира улицата „Тодор Чангов 41“

Деновиве почна санирањето на улицата „Тодор Чангов 41“ во должина од 450 метри. Станува збор реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од 6 метри и асфалт од 5 метри. Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата „Тодор Чангов“.
Општина Аеродром го продолжува континуитетот на реконструкција, санација и рехабилитација на улици на целата територија. Интензивно инвестираме во изградба на нова, како и подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината.