Се реконструира училиштето „Гоце Делчев“ во Општина Центар

Општина Центар ја започнува очекуваната реконструкција и доградба на основното училиште „Гоце Делчев“.

Поради малиот број на училници, учениците мораа да ја посетуваат наставата во две смени, што редовно создаваше проблеми и кај родителите.

Ќе биде поставен и лифт кој ќе ги поврзува сите нивоа на објектот, со што ќе се обезбеди пристапност и за лицата со посебни потреби. 

Подовите во новите училници ќе бидат направени од квалитетен материјал и ќе бидат топлинска и звучна бариера меѓу теренот и внатрешниот простор.