Се реконструира паркингот спроти ТЦ „Рамстор“

Општина Центар продолжува со реконструкција на инфраструктурата. Како што информираше градоначалникот Саша Богдановиќ на својата фејсбук-страница, во моментов се асфалтира паркингот спроти ТЦ „Рамстор“ во Градски ѕид, во должина од 478 метри или приближно 2.000 квадратни метри.