Се реконструира Адвокатската улица

По повеќе од 10 години, Општина Центар ја реконструира Адвокатската улица, поточно делот кој се наоѓа пред основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

„Со комплетната реконструкција на овој дел од улицата, се овозможува безбедно и нормално движење на учениците околу основното училиште, но и на останатите учесници во сообраќајот“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека наредната година ќе се реконструира и останатиот дел од улицата, за кој е предвидено целосно нова фекална, атмосферска и водоводна канализација. Проектот за Адвокатската улица предвидува и мал плоштад, уреден со зеленило и урбана опрема.