Пред 11 години, Јилија Кемп, заедно со својот сопруг и осумгодишниот син Ландан се враќале од неделната миса во црква, кога дожвиеале страотна сообраќајна несреќа. Нејзиниот сопруг Енди, загинал на лице место, додека нивниот син, како што самиот тврди, ја доживеал смртта па повторно се вратил меѓу живите. 

Автомобилот бил толку уништен, што екипата на брзата помош не ни знаела дека во него се наоѓа момчето. Сфатиле дека во автомобилот има уште некој откако ја пронашле неговата кондура. Откако го извлекле од автомобилот, телото на Ландан не давало знаци на живот. Тој бил во кома. 

Докторите не верувале дека малиот Ландан ќе се разбуди, но по две недели, чудесно усепал да се врати во нормала. Сите биле шокирани, но и пресреќни, особено поради фактот што немал траги на оштетување на мозокот. Освен тоа, Ландан имал неверојатна приказна поврзана со задгробниот живот. 

Јулија размислувала дали да му каже на својот син за смртта на неговиот татко. Кога одлучила сепак да го направи тоа, од синот добила шокантен одговор: „Јас го видов него на небото.“. Покрај тоа, тој тврдел дека го видел и пријателот на неговиот татко кој починал неколку месецеи претходно. „Никој од нас не размени ни збор, но сите стоевме таму“, велел Ландан.

Но, најневеројатното сознание дошло дури потоа, кога Ландан и рекол дека покрај другите, таму ги видел и другите две деца на неговата мајка. На почетокот Јулија не знаела за што се работи, но подоцна се сетила дека пред да го роди Ландан, имала два абортуси, за кои нормално, никогаш му немале кажано. 

-Знаев дека се тоа моите брат и сестра, иако никој ништо не ми кажа. На небото, за сите знаете кој е кој, вели Ландан кој и денес има видливи траги од несреќата, но и јасни сеќавања за животот на „оној свет“. 

Но, приказната не завршува тука. Како што вели самиот, тој три пати се мачел, односно три пати умирал и се враќал меѓу живите. Третиот пат го видел и самиот Бог, Исус Христос кој му дал специјална задача. Тој му кажал дека мора да се врати на земјата, да биде добар Христијанин и да им раскаже на другите за неговото постоење. Негова желба сега е да им укаже на луѓето за неговото постоење, како и за постоењето на рајот и анѓелите. Своето искуство тој денес го користи да им помогне на оние кои жалат по загубените блиски личности.