Се продаваат Мерцедеси за 1.500 евра, магацини за 145 илјади евра - нова распродажба на УЈП

Управата за јавни приходи на 13 јуни ќе одржи јавна аукција и комерцијална продажба на предмети запленети од даночни обврзници.

Се нуди државно градежно неизградено земјиште во Свети Николе за 65.000 евра, магацини во општина Чашка за 145.000 евра, мерцедеси од 1984, 1985 и 1986 година по почетна цена од околу 1.500 евра, Лада Нива за 2.500 евра.

Повеќе детали за условите за учество во аукцијата, како и детална листа на предметите за продажба со почетните цени може да најдете ТУКА.