Одличен десерт кој  се прави многу  лесно.

Состојки:

4 јајца

2 портокали

200гр ореви или  бадеми, лешници, кокос

Половина лажица сода бикарбона

За фил

100гр  црно чоколадо

200 мл неутрална павлака

Подготовка:

Портокалите прво  потопете ги  во  раствор од сода бикарбона и  оставете  да одстојат половина час. Потоа варете  ги околу половина час додека не омекнат. сомелете ги  во блендер , па потоа додадете ги  јајцата и  смелените ореви, и  малку содабикарбона.

Печете околу 20 минути на 200степени.

На оган загрејте ја павлаката и додадете го чоколадото да се растопи и прелијте го оладениот  колач.  

Наздравје