Се повеќе Македонки одат „под нож“

Се поголем број пациенти се заинтересирани за естетски операции, а во последниве 10 години бројот на клиенти е двојно зголемен, што оди во прилог на светскиот тренд за естетски операции. Покрај граѓани од земјава, на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија пациенти се и Македонците од дијаспората, но и странците, најголем дел од Србија, Грција, Бугарија и Русија.

Естетската хирургија освен лица на кои им се јавил физички недостаток поради болест или од раѓање, мажите и жените се почесто ја користат за подмладување, намалување на дебелината, како и за зацврстување на градите поради естетски причини.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, која што постои уште од седумдесетите години на минатиот век и каде што првата реконструкција на дојка е изведена уште во 1998 година, цените за естетеските зафати за зголемување на градите со сопствено масно ткиво се околу 68.000 денари, додека за заетгнување на стомакот двојно повеќе односно околу 117.000 денари.

Целиот ценовник ТУКА.