Се поставуваат заштитни столпчиња на улицата „Самоилова“ под Кале

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ продолжија со поставување заштитни столпчиња на улицата „Самоилова“ под Кале.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.

Градот Скопје и во иднина нема да толерира непрописно паркирање и узурпација од возила на јавните површини.