Се поминува на црвено и се вози без возачка дозвола по скопските улици

Се помиува на црвено светло, не се пуштаат пешаци кои имаат право да преминат на пешачкиот премин, се вози без возачка дозвола, малолетни возачи, се паркира кој каде ќе стигне. Ваква е состојбата низ скопските улици.

Полицијата од главниот град секојдневно е со полни раце работа. Казни летаат на секоја страна, но и покрај тоа истата слика станува секојдневие.

Од страна на сообраќајната полиција само во текот на изминатиот ден откриени се поголем број прекршоци. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 10 возачи возеле без возачка дозвола односно нерегистрирани возила, а 40 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем на главата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 59 возила.