Се полни државната администрација, се нижат огласи за вработување и се склучуваат договори за привремено вработување. Владата склучи договор за привремени вработување во износ од над 56.000 евра со Агенцијата за привремени вработувања „ Мотива “.

Ова е втор ваков оглас на власта, откако минатата година СОЗР склучи ист ваков договор за привремени вработувања во висина од 50.000 евра. Дополнително секој ден се распишуваат огласи за вработување на неопределно време за ниско рангирани работни позиции со енормно високи плати, како случајот со копирантот во МЕПСО со плата од 25.000 денари.

Освен Владата вработува и Собранието. Собранието на Република Македонија денес распиша оглас за привремени вработувања за над 13 илјади евра.

Забрзаното полнење на државната администрација се интензивираше по локалните избори, кога се објавија голем број на огласи во низа општини и општински претпријатија, но и во органите на државната управа.

Јавноста се скандализираше откако МЕПСО распиша оглас за вработување на копирант со плата од 25.000 денари. Претходно во владата беа вработени цела плејада шарени револуционери, како Бојан Маричиќ, Бубо Каров, Џабир Дерала, Марјан Забрчанец, Нора Шакири, Петрит Сарачини и голем број на други  активисти на шарената револуција кои се  вработени на големи советнички плати.  По преземањето на локалната власт во Скопје дел од нив, како Васиљ и Наумоски се вработија во градската управа.

Колку вкупно ќе ја чини државата раздолжувањето на СДСМ со активисти на шарената револиција допрва ќе видиме. Сметката во име на СДСМ на крај ја плаќаат граѓаните.