Се подготвува реконструкција на „Јуриј Гагарин“ во Козле

Во фаза на подготовка за комплетна реконструкција се наоѓа улицата „Јуриј Гагарин“ број 6 во скопската населба Козле. Со реконструкцијата ќе биде опфатена целата должина на улицата, односно 350 метри.

Улицата ќе добие коловоз со ширина од 6 метри и тротоари од двете страни, широки вкупно 3 метри. Општина Карпош, за овој подвиг издови близу 4,5 милиони денари од општинската каса, а градежните работи ќе ги изведува компанијата „Ескаватори МК“, додека надзор ќе врши „Урбан Стил Инженеринг“.

Покрај коловозот и тротоарите, улицата ќе добие и ново партерно уредување и урбана опрема. Урбаната опрема ќе ја поставува „СМ Компани“, а надзор ќе врши „Карапанчевски Компани“. Партерното уредување и урбаната опрема ќе потрошат 3,7 милиони денари.