Се планира нова адреналинска жичница, а градските власти се мислат да ја прекинат изградбата на втората фаза од жичницата на Водно

И додека се планира нова адреналинска жичница во Скопје, владата и градските власти се мислат да ја прекинат изградбата на втората фаза од жичницата на Водно, дознава Билд.

Овој проект вреден 6,1 милион евра требаше да се гради на потегот од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во населбата Козле.

Од владата немаат донесено конечна одлука дали ќе ја поддржат реализацијата на овој проект, но на крајот од февруари годинава донесоа одлука за да се определи целисходноста на проектот од страна на Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје.

За овој проект беше изработен основен проект од реномираната австриска фирма „Допелмаер“.