Се ожени Борко Ристовски (фото)

Репрезентативниот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ конечно се ожени со Николина, која набрзо треба да го роди нивното прво дете, синот Душан.

Убавата кумановка Николина – Нина, која е во осмиот месец на бременоста, го задржала своето презиме, кое е исто со презимето на Борко.

-Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно, напиша г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.