Се организира свечено отворање на новото училиште „Киро Глигоров" во Капиштец

Новото општинско основно училиште во Капиштец, „Киро Глигоров“ првите ученици ќе ги прими на првиот училишен ден, 2 септември, а два дена подоцна, ќе биде организирано свечено отворање, потврдуваат од Општина Центар за „Независен весник“.

Со изградбата на новото основно училиште, Капиштец добива модерна образовна установа на површина од 12.000 квадратни метри за 500 ученици, а новата учебна година во него ќе ја почнат 250 ученици, од кои најголемиот дел се првоодделенци. Другите се преместени од неколку училишта во Центар, затоа што им е поблиску до дома.