Се организира дочек на слониците Дуња и Даела во скопската Зоолошка - забава и подароци за најмалите

Зоолошка градина Скопје за првпат после 26 години станува дом на слонови. 

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година. 

На 29-ти септември им посакуваме ДОБРЕДОЈДЕ на слониците Дуња и Даела кои ќе ни раскажат една емотивна приказна и ќе ги освојат срцата на сите посетители на Зоолошка градина Скопје.

За време на прославата ќе настапат децата од Златно славејче, детската атракција ПЕТ+ БЕНД, а за најмалите се подготвуваат и подароци 

Од Зоолошката градина ве повикуваат на овој настан на 29-ти септември од 12 часот.