Се однесувал агресивно и удрил полицаец- еве со што се соочил по инцидентот

На 06.05.2019 година околу 16.00 часот на ул.,,Пролетерски Бригади“ во Струга, О.М.(49) од село Лабуништа, струшко, кој управувал патничко возило „Ауди А6“, агресивно се однесувал и удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија. О.М. бил приведен во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.