Се одбележува Денот на воздухопловната бригада: Авиони го надлетуваат Скопје

Во рамки на активностите за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, денеска со почеток во 10.00 часот, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод денот на воздухопловната бригада.

По повод „10-ти Јуни- ден на Воздухопловната Бригада“ денеска во периодот од 10:40 до 11:30 часот, 7 воздухоплови во формација надлетуваа над Градот Скопје.

Летот на формацијата беше: од Аеродромот Александар Велики, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно.

Воздухопловите летаа на висина од 100 метри.