Ќе се вршат построги контроли на храната во училиштата и ќе следуваат казни. МОН најави поригорозни мерки и преиспитување на квалитетот на храната која ја јадат учениците.

Локалната самоуправа не ги почитувала одредбите од правилникот на МОН. Овие најави доаѓаат по последните податоци кои пристигнаа од Институтот за јавно здравје, според кои секое трето дете во Македонија се соочува со дебелината.

14 проценти од момчињата на 11- годишна возраст во Македонија  се дебели, додека просекот во Европа е 4 проценти според податоците на Уницеф. Во споредба со 2010 година гојазноста денес е се поприсутна кај најмладите. Причините се најразлични вели првиот човек на УНИЦЕФ во Македонија. Наместо да се бараат виновници потребен е посериозен пристап пред се од родителите а потоа и институциите. Дебелината освен што штети на физичкото здравје кај учениците, влијае и на учењето.

Брзата храна е лесно достапна за учениците, не е доволно да се реализира само програмата во училиштата, туку да се создаваат здрави навики уште од предучилишна возраст. Нутриционистите забележуваат дека учениците  се помалку конзумираат овошје и зеленчук.

Со цел да се влијае на здравјето кај младите , денеска беше одржан глобален час за упчениците од 4 до 9 то одделение на кој се запознаа со здравиот начин на исхрана. На проектот се приклучија наставниците од сите основни училишта. Оваа наставна програма која ја објави министерството ги содржи придобивките од здравата исхрана и како таа придонесува кон глобалните цели за одржлив развој.