Се најавува бојкот на наставата во ОУ „11-ти Октомври“

Советот на родители во основното училиште „11-ти Октомври“ од населбата Пролет во Центар најавува бојкотирање на наставата и можност за штрајк. Ваквите реакции доаѓаат како последица на префрлањето на две наставнички од ова, во друго училиште. Родителите се незадоволни бидејќи на тој начин ќе се укине целодневната настава во училиштето.

Тие велат дека за ваквиот тип на настава интерес има и дека родители и од другите општини ги запишуваат своите деца таму баш поради можноста нивните деца да посетуваат целодневна настава. Ваквиот потег, според нив претставуввал закана за таа да биде целосно укината.

И претходно ова училиште беше предмет на слични политички-мотивирани превирања. Во случај на политички пресметки кои се водат на ниво на основни училишта, единствени кои губат се децата, кои политиката и онака не ги интересира.