Се надевам дека баба ми и дедо ми се гордеат со мене...

Не постои ден кога не мислам на вас. Вие веќе некое време сте незамислив дека од мојот живот. Не можам да најдам начин како да ви се заблагодарам за се што имате направено за мене. Вечно ќе ги чувам нашите заеднички спомени. Секогаш знаете како да ме расположите. Знам дека секогаш можам да се потпрам на вас. Вие ме научивте како да го ценам животот и сите негови чуда.

Сакав да ви го напишам ова за да ве потсетам дека сум бескрајно благодарна што имам толку прекрасни баба и дедо. Вие бевте покрај мене уште од самиот почеток.

Вие гледавте како се развивам во личноста којашто сум денес. Некои внуци немале среќа да поминат долго време со нивните баба и дедо, но јас сум една од тие среќлии.

Кога ќе се навратам назад на моето детство, вашето присуство ја направи целата разлика. Вие секогаш ги поддржувавте моите соништа и навистина слушате кога имам нешто да кажам. Правите да се чувствувам посебно и сакано. Има времиња кога сум обесхрабрена и вие ме мотивирате да бидам подобра. Ги обожавам вашите совети, затоа што знам дека доаѓаат директно од срцето.

Знам дека го сакате само најдоброто за мене. Врската помеѓу внуците и бабите и дедовците е многу силна и долговечна. И никогаш нема да биде скршена. Кога се друго се распаѓа, знам дека вие ќе бидете тука за да ме насмеете.

Како ваша внука, сакам да запомните колку многу ми значите. Фала ви што сте толку уникатни и што ме сакате безусловно.