Се молам да биде крај: Калиопи со порака од Охрид

Деновиве на нашиот најголем туристички центар, Охрид, му се случуваат серија земјотреси кои ги исплашија жителите и туристите во градот,  иако сеизмолозите смируваат и апелираат на присебност за време на земјотрес.

Сепак, што и да му се случува на Охрид и неговиот најубав бисер – езерото, ретко кој може да му одолее на убавините. Меѓу оние кои деновиве се таму и не се плашат од тоа што земјата се тресе, е и нашата поп дива Калиопи која на својот Инстаграм објави видео снимка со следниов опис:

-Мојот Охрид имаше неколку земјотреси деновиве. Се молам да биде крај, напиша Калиопи во описот на снимката.