Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја одреди новата цена на горивата која ќе важи од полноќ.
Со последната одлука пред две недели, бензините и дизел горивата поевтинија за 1,5 денари по литар, па Еуросупер БС 95 се продава по цена 66 денари за литар, а Еуросупер БС 98 изнесува 68 денари за литар. Еуродизел се продава за 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 39,5 денари за литар.
За 1,005 денари поевтини и мазутот.