Се кратат плати на Клиника за детска хирургија: За сестрите до четири, за лекарите и до 10 000 денари помалку

На Клиниката за детска хирургија има вработено 28 лица  со договор на дело кои се ангажирани како медицински сестри, лекари специјалисти, лаборанти, биохемичари и неколку како административен персонал, пренесува Слободен печат.

Медицински кадар кој е ангажиран со договор на дело на Клиниката за детска хирургија за февруари добил пониска пата. Во некои случаи намалена била платата, во други не им биле исплетени додатоците за дежурства, но намалувањето е од 3.000 до 4.000 кај медицинските сестри, а кај лекарите и до 10.000 денари. Оваа промена во исплатата се случува во време кога на чело на клиниката доаѓа нов стручен директор Лазар Тодоровиќ, на местото на досегашниот директор Ристо Симеоновски, кој беше на оваа функција од времето на Никола Тодоров.

На Клиниката за детска хирургија има вработено 28 лица со договор на дело кои се ангажирани како медицински сестри, лекари специјалисти, лаборанти, биохемичари и неколку како административен персонал.

– Мојата плата беше околу 20.000 денари, а сега е намалена за повеќе од 3.000 денари, што навистина револтира – вели вработена на Детска хирургија.

Лекарите пак што дежураат за февруари добиле и по 10.000 пониски примања.

– Покриваме дежурства работиме интензивно, како и оние што се редовно вработени, а тоа што сме ангажирани со договор на дело значи дека не ни се плаќаат придонеси, туку само платата, што за клиниката е помал трошок. Ем не вработуваат, ем ни ги намалуваат приходите, навистина е дестимулирачки. Со овој однос нема да не натераат да останеме во јавноста здравство каде недостасува кадар, туку не тераат да си заминеме или во приватните болници или во странство – вели лекар, кој сака да остане анонимен.

Други коментираат дека премиерот Зоран Заев најавува плати за специјалистите и до 70.000 денари, додека во пракса , платите на специјалистите се намалуваат.