Се гради спортско-адреналински парк во Карпош

Во Општина Карпош денеска почна изградбата на спортско – адреналинскиот парк долж кејот на реката Вардар, со почетна точка кај алпинистичката карпа.

Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона што ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри.