Изградбата на локалниот пат од ООУ „Наум Охридски” до викенд-населбата во Булачани се одвива со предвидената динамика – информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Тој истакна дека извршил увид во градежните активности.
– Во моментов се поставува тампон. Патот се гради во должина од 1.100 метри со поддршка на Владата – информира Георгиевски.
Градоначалникот потенцира дека преку овој проект, непроодниот и тесен пат ќе прерасне во улица која ќе го подобри квалитетот на животот во овие средини. Воедно, ќе се зачуваат и унапредат традиционалните вредности во руралните подрачја.