Се гледа крајот на лошото време: Подгответе се за вистинско лето со повеќе од 30 степени

Неделата која е пред нас се чини е последното што ќе го видиме од дождот пред стартот на новото лето. 

Невообичаено ниските температури проследени со интензивни врнежи од дожд ќе се задржат некаде до крајот на оваа недела, и можеби ви првиот ден од наредната.

Во пресрет на продолжениот викенд за празникот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, метеоролозите конечно носат добри вести. 

Токму за овој викенд се најавуваат највисоките температури од стартот на оваа година. За викендот според најавите се очекуваат и над 30 степени во појужните места и околу 28 степени во главниот град.

Тоа се очекува да биде и официјалниот старт на летната сезона со температури кои ќе бараат разладување.