Се гаснат пожарите во општина Гази Баба: Ангажирани 2 авиони и околу 100 луѓе

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, беше на терен на локациите зафатени од пожар на територијата на оваа општина.

Во н.м. Булачани вчера околу 12,00 часот е забележан пожар и пријавен од жителите. Околу 13,30 ч. противпожарната служба заедно со жителите пристапиле кон гаснење на пожарот кој ја зафатил тревата и ниско стеблестата шума.

На гаснење на пожарот се интервенирало се до 01,00 ч. при што бил локализиран, а биле оставени и дежурни луѓе за следење на состојбата.

Утрово против пожарните екипи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и од ЈП Македонски шуми, заедно со жителите од околните населени места исто така го гасеа пожарот, кој се проширил кон Липково, Раштак и Булачани.

Во акцијата за гасење на пожарот се ангажирани и два авиони и околу 100 луѓе. Работата ја отежнува јакиот ветар и непристапниот терен.

Засега е изгаснат пожарот кај Булачани, а се интервенира во Раштак и Липково.