Се додека не простите некому, вие сте се уште поврзани со нив

Простување. Една од работите со кои често се сретнуваме. Најверојатно се прашуваме зошто би простиле некому? Како да им простиме? Што значи простувањето за нашиот однос?

Простувањето ве ослободува

Се додека не простите некому, вие сте поврзани со таа личност. Вашите мисли постојано ќе се враќаат кон личноста која ве повредила и постојано ќе ја проживувате таа ситуација. Емотивната врска помеѓу вас двајца останува толку силна што во вас предизвикува многу страдање кое ќе се одрази во вас, а во крајна линија и вие ќе бидете негативни и ќе предизвикувате болка кај другите луѓе.

Кога простувате се ослободувате од таа личност. Кога простувате се ослободувате од агонијата.

Простете си самите на себе

Тоа што го мислите за другите луѓе често е одраз на тоа што го мислите за себе, иако тоа не е секогаш очигледно. Другите луѓе ги осудуваме онолку строго колку што се осудуваме себеси. Личноста која е многу критична кон другите најверојатно е многу критична и кон себе.

Ако си простите себеси за нешто што непромислено сте го направиле пред 10 години, а потоа и за некои неодамнешни работи, навиката на простување ќе пушти корења во вас и полесно ќе им простувате на другите.

Простете им на сите

Понекогаш полесно простуваме големи грешки, а поради ситници бришеме луѓе од животот.

Кога простувате, навистина простете

Кога еднаш ќе простите немојте повеќе да се враќате на тоа или ќе продолжите да се мачите и себе и другите. Можете на простувањето да гледате како натпревар и да мислите дека со тоа покажувате дека сте подобра личност од другата страна и со тоа ја покажувате вашата супериорност.

Но, поголема корист имате ако гледате на простувањето како ослободување од канџите на минатото.

Простувањето не е за слабаци

Може да ви изгледа дека простувањето е еден вид на откажување, дека слабите простуваат, а дека силните луѓе се одмаздуваат. Но, реаноста е сосема поинаква. Ако не простите тоа ќе ве јаде одвнатре. Постојано ќе си ги повторувате аргументите и сеќавањата и уште повеќе ќе патите.

Простувањето ве ослобоува, но е тешко. Лесно е да носите лутина во себе, но само најсилните луѓе можат да заборават, простат и мирно да продолжат понатаму.

Со простувањето и иднината ви е подобра

Ако простувањето го гледате од практична перспектива, тогаш тоа е многу паметно. Простувањето ве штити од болни искуства.

На тој начин ќе имате повеќе енергија да се посветите на сегашноста и она што го сакате во иднината.

Во простувањето не треба да ја вклучите другата страна

Многумина мислат дека простувањето значи и да и се јавите на другата личност и да и кажете дека им простувате. Тоа понекогаш е можно, но најчесто не е ни потребно. Со простувањето треба да се ослободите од негативните врски со таа личност, а не да воспоставувате нови со изјави за простување. Простувањето се прави во себе.

Простувањето не значи да продолжите таму каде што сте застанале

Тоа што сте простиле не значи дека ќе им дадете можност на личностите кои ве повредиле да го направат тоа уште еднаш, туку со простувањето се ослободувате од поврзаноста и негативните чувства.

Да се прости значи дека сте способни да се издигнете над начии грешки, признавајќи дека сите грешиме и да се продолжите по својот пат.