Се дезинфицираат улиците во Карпош

Од денеска четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улиците и фреквентните локации во Карпош.

Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.
Покрај двете цистерни на Општина Карпош, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“. Станува збор за една четиритонска и една седумтонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании.

Денеска, се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе (кај пазарчето).

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирусот.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.