Се чисти речното корито на Вардар

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и  на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2017 година,  по налог на Градот, екипи на  ЈП Улици и патишта Скопје спроведуваат активности  за чистење на коритото на реката Вардар.

На потегот од Камениот мост до  хотелот Холидеј Ин, екипите рачно ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од  кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.

Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското  чистеше  на минор  коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје  ќе продолжи и во текот на наредните денови.