Се бараат доброволци: Французите за ова плаќаат по 16.000 евра

Францускиот институт за вселенска медицина и физиологија бараат доброволци кои 60 дена би лежеле во кревет и не би правеле ништо, освен што би ги обавувале физиолошките потреби, и за ова даваат надомест од 16.000 евра. 

Идеалниот кандидат би бил маж на возраст од 24 до 45 години, кој не е алергичен, не пуши и има индекс на телесна маса од 22 и 27. 

Во овој институт во Тулуз кој се занимава со микрогравитација на астронаути, има место за 24 мажи. 

Две недели пред да почнат, кандидатите ќе поминат тестови. 

По завршување на третманот кандидатите ќе имаат две недели за оправување. 

По овој експеримент, учесниците ќе имаат проблеми со стоење, со мускулите на нозете, но тоа е негативниот дел од оваа задача.