На социјалните мрежи кружи информација за исчезнато дете. Од профилот на Илијевска Анета, која се претставува како мајка на детето споделена е и фотографија и информација каде последен пат е видено детето.
Според неа детенцето со име Михаил утрово заминало на училиште но не пристигнало тамо. Случајот е пријавен во полиција и се трага по детето.