Се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров информира дека се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“, поточно 2, 4, 6, 8, 10 и 12 во непосредна близина на централните гробишта во Ѓорче.

Проектот заеднички го реализираат Град Скопје и општината Ѓорче Петров, а градежните работи ги изведуваат екипи од ЈП „Улици и патишта“.  Вкупната должина за асфалтирање е 1.300 метри, а краците се со широчина од 3,5 до 4 метри, а од 4,5 до 5 метри широчина е главната улица на која се надоврзуваат краците.

– Со деталната реконструкција ќе бидат избегнати сите проблеми кои ги носеа временските прилики, соопшти општина Ѓорче Петров.

Работите ќе траат до крајот на јуни 2017 година, а за овој проект издвоени се три милиони денари.