Се асфалтира ул. „Бранко Заревски“, во населба Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ присуствуваше на почетокот на работните активности за асфалтирање на ул. „Бранко Заревски“, во населбата Драчево. 

На улицата се поставува асфалт во должина од 600 метри и ширина од 7 метри.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните додека траат градежните активности да не ги паркираат возилата долж улицата.