Се апелира до родителите да не објавуваат слики од своите деца без потреба, особено не оние од плажа

Да ставате постојано слики од вашето дете на интернет, значи исто како да сте го пуштиле само на раскрсница, советуваат надлежните лица.

Интернет е една многу добра работа, но во исто време може да биде и многу опасно место. Достапноста на паметни телефони, користење на друштвени мрежи стана секојдневие и на децата и на родителите.

За жал сетоа ова, предизвикува големи медиумски друштвени проблеми, како говор на омраза, зголемена агресивност и насилност помеѓу децата, а најмногу злоупотреба на децата во вид на порнографија.

Кај родителите треба да се зголеми свеста за ризиците и опасностите со кои се соочува нивното дете во случај на користење на интернет.

Се апелира до родителите да не објавуваат слики од своите деца на интернет, а особено не слики од плажа и во костим за капење. Заштитете се себе, а пред се вашите деца.