СДСМ најавува осум нови странски инвестиции во земјата и отворање на нови 1.500 работни места

Од СДСМ најавуваат осум нови странски инвестиции во земјата. Планот за економски раст на Владата, како што велат, дава резултати.

„Уште една добра вест за граѓаните. Осум нови странски компании започнуваат реализација на своите проекти за инвестирање во Република Македонија. Станува збор за инвестиции во вкупна вредност од 73,5 милиони евра во коишто ќе бидат отворени над 1500 нови работни места.

Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст продолжува со спроведување на политиките што овозможуваат вистински нови инвестиции, подобро платени работни места, поддршка на малите и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста и извозот и севкупен економски раст, се наведува во соопштението од СДСМ.