СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со најголем број на кандидати и листи на советници

Партиите ги искористија последните рокови. Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ поднела градоначалнички кандидатури во наголем дел од општините, а во некои општини ќе поддржи незвависни кандидати.

Листи за советници има во сите општини и градот Скопје. Во последен момент партијата ги соопшти адутите за девет општини, меѓу кои и за центар, каде е новиниран екс кошаркарот Дејан Јовановски.

 Еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ,  Иван Соколов е изборот на партијата за Делчево, а во Берово ВМРО ДПМНЕ ќе оди со ново име Никола Атанасов.

 Коалицијата на СДСМ исто така има градоначалнички кандидати и листи за советници во најголем број од општини, но овие локални избори ќе бидат првите на кои во првиот круг ќе профункционира и коалицијата на СДСМ и ДУИ.

 Социјалдемократите немаат свој кандидат во Чаир, ДУИ пак нема кандидат за Скопје. 

 За власта во главниот град ќе се борат осум кандидати. Покрај Коце Трајановски од ВМРО ДПМНЕ и Петре Шиелгов од СДСМ во трката за Скопје кандидидатури понеле и Левица, која ја предлага Марија Џонс и ТМРО со кандидатурата на Ванчо Шехтански.

Останатите кандидатури се на ДПА, Беким Фазлиу, БЕСА, Нафије Селмани, Алијансата на Албанците со Наим Бајрами, како и Ѓорги Тодоров од НДМ.

ДУИ на овие локални избори ќе има 18 кандидати за градоначалници.

Државната изборна комисија треба до 16 на полноќ да ги потврди поднесените кандидатури, по што ќе се знае конечниот број на ученсини на овие локални избори.