Саша Богдановиќ и Стефан Богоев од СДСМ со убедливо водство во Центар и Карпош

Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ за градоначалник во општина Центар, Саша Богдановиќ убедливо води пред против кандидатите Дејан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица.

Според партиски извори и во Карпош Стефан Богоев, кандидатот на СДСМ убедливо води пред противникот Стевче Јакимовски.

Според истите извори и Богдановиќ и Богоев ќе бидат избрани уште во првиот круг. СДСМ неофицијално исто така води во Прилеп,Битола,Крушево,Арачиново,Вевчани,Центар,Карпош,Ѓорче Петров, Градско, Берово, Василево,Зелениково, Струмица,Гевгелија додека во Аеродром, Штип, Неготино и кривогаштани е тесно. Максим Димитроевски во Куманово веќе прогласи победа на изборите. Во Кисела Вода, неофицијално, предност има ВМРО-ДПМНЕ.