Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар

Откако веќе подолг медиумите неофицијално пишуваа дека СДСМ во општина Центар на локалните избори ќе настапи со Саша Богдановиќ, синоќа тоа стана и официјално.

Потврда стигна од лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој на новинарско прашање, по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција, кој ќе биде кандидатот за општина Центар, одговори дека тоа ќе биде Саша Богдановиќ.

Од СДСМ информираат дека го прифатиле предлогот носител на листата да биде Јана Белчева Андреевска како независен кандидат и член на неформалната иницијатива за спас на Дебар Маало.