Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил напиша: „Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“
Таа филмот го погледнала во во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!
Сара Џесика Паркер е позната американска глумица и продуцент. Македонската јавноста ја памети по улогата на Кери Бредшоу во серијата „Сексот и градот“. Во продолжение може да ја видите нејзината инстаграм објава: