Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје во изминатото деноноќие спроведе контроли за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило, како и возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 80 возачи.

– Санкционирани се 17 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 25 останати прекршоци, за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози. Санкционирани се 12 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци, за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози, соопштија од Министерството за внатрешни работи.