Санкции најави Богоев за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Богоев ја оствари првата работна средба со новиот командир на Полициската станица Карпош, Владо Симјановски. 

Што се однесува до загадувањето, како една од првите критични локации е посочен Ккејот на реката Вардар.

Станува збор за мостот „Газела“, каде што честопати се создава депонија (т.н. сметлиште) од страна на локалното население. За да се обезбеди поголема контрола на овој потег, кој најчесто се злоупотребува за фрлање отпад, во фаза на договарање е координирана акција меѓу Општината и Полициската станица Карпош, во која ќе бидат санкционирани сите што го загадуваат потегот по должината на реката Вардар.