Саниран дефектот на бул. Теодосиј Гологанов

Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје вчера успешно го санира на дефектот на бул. Теодосиј Гологанов. Фотографиите објавени на фејсбук страната на претпријатието покажуваа дека и во ноќни услови екипите работеа за решавање на овој проблем.

-И покрај нашите проекции за санација на дефектот на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, нашите екипи успеаа порано од предвиденото да го санираат дефектот и водоснабдувањето да се нормализира. Ви благодариме на трпението и разбирањето, велат од ЈП Водовод и Канализација.