Sander Van Doorn со приватен авион доаѓа во Скопје

Во петок на 16 октомври во спортскиот центар Борис Трајковски гостува едно од најголемите имиња од светската денс сцена, креаторот на најголемите хитови изминативе години, холандскиот супер стар топ 10 диџеј SANDER VAN DOORN.

На својот настап во Скопје SANDER VAN DOORN доаѓа со својот приватен авион и цел тим кој ќе се погрижи неговиот настап да звучи и изгледа светски. Со себе носи инженери за звук, луѓе кои ќе се грижат за светло и видео, менаџер за медиуми итн.

Од организаторите беше побарано да се исполнат одредени услови за неговиот престој во Скопје да биде пријатен. Покрај задолжителниот хотел со 5 ѕвезди, посебен апартман за дј-от и ексклузивно користење на спа центар, 24 часовен room service, побарано е во текот на неговиот престој да му биде достапен личен домаќин кој во секое време ќе одговори нан еговите барања. Исто така во секое време, а посебно додека трае настапот треба да има исклучиво вода Евиан, Греј Гус водка, ексклузивен шампањ, сок од брусница, Гролш пиво, Ред бул, крпи од 100 проценти памук и слични детали. За пред и после настапот треба да му биде обезбедена GREEN-ROOM, приватна соба и сл.

Sander Van Doorn e најголемото дј име кои годинава ќе ја посети Македонија, интересот за неговиот настап е огромен, поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени, а истите може да се најдат во ПОЛА ЈУГОТОН, купи карти за се и онлајн на www.nastani.com.mk

Новата сезона на настани на затворено почнува светски!!!